Десницата води на изборите во Шведска

Сподели со своите пријатели

Шведскиот екстремно десничарски блок дојде во водство по пребројувањето на мнозинството гласови на изборите во неделата, а резултатите укажуваат на веројатно нова влада по осум години владеење на социјалдемократите.

Loading...

Партиите Умерени, Шведските демократи, Демохристијаните и Либералите, според резултатите од понеделникот рано наутро, освоиле 175 места во парламентот со вкупно 349 места наспроти 174-те места на левиот центар.

„Избирачките места се затворени, но вечерва нема да имаме конечен резултат“, рече премиерката Магдалена Андерсон во говорот пред членовите на партијата.

Но, лидерот на антиимигрантските Шведски демократи, Џими Акесон, обраќајќи им се на своите членови рано во понеделникот, истакна дека „во моментов се чини дека ќе има промена на власта“.

Еден од лидерите најавува сосема нов правец на шведската влада

„Сега за прв пат имаме реална можност, реална можност… активно да учествуваме во новата влада, која ја води политиката во сосема нов правец“, изјави секретарот на шведските демократи, Ричард Јомшоф, за СВТ.

Со оглед на тоа што допрва треба да се пребројат гласовите од странство и по пошта, а разликата меѓу двата блока е многу мала, резултатот сè уште може да се промени и можеби нема да биде јасен до средината на неделата.

Претходните анкети му дадоа на левиот центар на социјалдемократскиот премиер Андерсон 49,8 отсто од гласовите, а 49,2 отсто на опозициската десница.

Со постојано зголемување на бројот на престрелки што ги вознемируваа гласачите, партиите се натпреваруваа на изборната патека со ветувања дека ќе станат строги со криминалот, додека зголемената инфлација и енергетската криза по руската инвазија на Украина се повеќе стануваат централни политички прашања.

Loading...

Андерсон беше министер за финансии со години пред да стане премиер на Шведска минатата година.

Нејзин главен ривал беше лидерот на конзервативната Умерена партија, Улф Кристерсон, кој се смета себеси за единствениот кој може да ја обедини десницата и да го симне Андерсон од власт.

Кристерсон во понеделникот изјави дека сѐ уште не знае како ќе завршат изборите и дека најверојатно резултатот нема да биде познат до среда.