Во прва посета на Општина Куманово денеска беше делегација од ЕУ, на чело со Еди Греиф – Регионален советник за безбедност и антитероризам.
Како што информираат од кабинетот на градоначалникот Максим Димитриевски, на средбата пристутвувале беа Христо Тончев – Политички советник и Даница Стошевска – Програм менаџер за внатрешни работи.
– На средбата разговаравме за сите модерни предизвици, како и за справување со проблемот со илегална миграција и како Општина Куманово се избори со тој предизвик, вели Димитриевски.
На средбата присуствувале и Стефан Петковски и Раководителот на Сектор за образование, Александар Јовановиќ, кои воедно се и членови на АТЗ (Акцискиот тим на заедница), кој е формиран 2019 година.
Никола Ивановски