Данска ќе обучува украински војници на своја територија

Сподели со своите пријатели

Данската влада се согласи да започне со обука на украински војници на територијата на Данска.

Loading...

Ова го изјави данскиот министер за одбрана Мортен Бодсков по посетата на Киев, пренесува Укринформ, повикувајќи се на Експрес.

Во исто време, Бодсков не даде детали за бројот на украинските војници, ниту за времето или местото на обуката.

– Не можам да навлегувам во детали, но во Данска ќе има обука на украинската одбрана – рече министерот.

Како што објави Укринформ, на почетокот на август Министерството за одбрана на Данска објави дека ќе испрати 130 инструктори во Велика Британија за обука на украинската армија.