Дамјановски: Наместо напад, ОК на ВМРО ДПМНЕ треба да се горди за гасифакцијата на градот (видео)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово денес на прес конференција даде свое видување по вчерашните обвинувања од страна на ОК на ВМРО ДПМНЕ за наводната непрофитабилност на Јавното претпријатие “Куманово гас”.

Loading...

Во пресрет на политичките случувања во Република Македонија, јас и општината сме под континуиран атак, дали од централната власт или медиумите под нивна контрола, вели Дамјановски, додавајќи дека проектот за локалната гасификација има приватни приклучоци, а ОУ „Кочо Рацин“и СОУ „Перо Наков“ наскоро ќе станат дел од мрежата.

Градоначалникот додаде дека ова е еден од најуспешните проекти не само во Куманово, туку во целата Репуплика Македонија од еколошки гледан аспект, па затоа не е коректно да се вперува прст во оваа јавно претпријатие.