Дали победата на МЗТ Скопје во Куманово е украдена победа? (видео)

Сподели со своите пријатели

Со три постигнати тројки како дел од дури 19-те поени само во продолжението, МЗТ Скопје Аеродром го совлада Куманово на гостински терен со 107-102 во веројатно еден од најквалитетните натпревари во сезоната. Аеродромци со предност од 2-0 во финалето, првата шанса за одбрана на титулата ќе ја имаат веќе во вторник во СЦ „Јане Сандански“.

 

Loading...

 

Иако МЗТ на средината на четвртиот период ја намали предноста на кумановци преку тројките на Марко Симоновски, домашните кошаркари со водство влегоа во самата завршница од четвртината.

Сепак, откако на 5 секунди до крај Караџовски погоди две слободни за Куманово и водство од 88-85, по прекршокот над Чапин, Словенецот реализираше едно слободно, намерно го промаши второто, а Симоновски прифати офанзивен скок и за само 2 секунди успеа да погоди за изедначување на 88-88 и продолжение.

Во Куманово по завршувањето на мечот, се` погласни се коментарите дека победата на МЗТ Скопје се должи на задоцнета реакција на записничката маса.

Иако на семафорот стоеше 2.4 секунди до крајот на натпреварот од првиот контакт со топката по слободниот удар до моментот на исфрлање на топката кон кошот од страна на Симоновски поминаа точно 2.73 секунди.

Како што коментира спортската јавност, допрва следуваат и подетални анализи и дебати на спортската јавност во Македонија, за тоа дали поените навистина се регуларни.

 

https://www.youtube.com/watch?v=MF46Z5cPXVQ

Loading...

По овој втор натпревар во Куманово, финалната серија се сели во Скопје, каде во вторник ќе се одигра третата средба. На неа, МЗТ Скопје Аеродром ја има првата можност да ја освои титулата, која за скопскиот состав би била веќе четврта во последните четири години.

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *