Дали новооткриениот папирус го крие одговорот кој со милениуми го мачи човештвото?

Сподели со своите пријатели

Археолозите во Египет откриле целосно зачувани папируси и се надеваат дека тие ќе им помогнат да дознаат како точно се направени пирамидите.

Loading...

Големата пирамида е најстара и најголема од трите пирамиди во комплексот во Гиза и еден од седумте светски чуда на антиката. Поголемиот дел од историчарите веруваат дека монументалната структура е градена пред повеќе од 20 години за фараонот Кеопс, кој во неа и бил погребан.

Најновите откритија, како што се бродови во темелите на пирамидата, овозможуваат да се насети дека напредната цивилизација пред повеќе од 4.000 години можела да направи таков објект.

Во документарниот филм „Египетската голема пирамида: Нови докази“, снимен оваа година, а емитуван на британскиот „Канал 4“, детално се објаснува како францускиот археолог Пјер Тале пронашол извезен број древни свитоци папируц во пештерата во областа Вади ал-Џарф, на египетскиот брег на Црвеното море.

– Веќе првиот ден било прилично очигледно дека тоа се најстарите примероци папирус некогаш откриени. Чекор по чекор дојдовме до целта. Првин наоѓавме многу мали парчиња, з ада дури минатата недела дојдеме до големи свитоци, кои се целосно зачувани, вели археологот во филмот.

Тале смета дека ова е можност да ја доживееме пирамидата на нов начин, затоа што „не знаеме многу за начинот на кој е градена, а овие документи многу детално опишуваат како работниците можеле да прават толку големи градби“.

Loading...

Др. Тале скоро пет години се обидува да открие што документите велат за старите Египќани, објаснува нараторот, кој исто така вели дека авторот на свитоците се викал мерер и дека го надгледувал теретниот брод и тим од 40 најдобри работници.

– Тој опишува дека е тешка задачата на неговиот тим и се состоела во тоа да траспортираат драгоцени бели блокови преку Нил, што е прв опис од прва рака за изградбата на пирамидата, наведува нараторот.

Мерер бил чиновник од среден ранг со титула „инспектор“, а неговиот дневник најверојатно потекнува од 26 година на Кеопсовото владеење и опишува неколку месеци работа на транспортот на варовниците од каменоломот во Тури, Гиза.

Иако дневникот не пружа податоци за тоа каде каменот е користен и со која цел, имајќи предвид дека е пишуван во време кое се смета за крај на Кеопсовото владеење, др. Тале верува дека најверојатно станува збор за надворешен обвиткувач на Големата пирамида.

Leave a Reply