Дали и Италија ќе ја напушти Светската здравствена организација?

Сподели со своите пријатели

Италијанскиот министер за транспорт и вицепремиер Матео Салвини предложи закон со кој Италија ќе ја напушти Светската здравствена организација (СЗО), по примерот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Loading...

„Денеска предложив во Домот на пратениците нацрт-закон за повлекување од СЗО, како што тоа го направи Доналд Трамп со САД“, напиша Салвини, лидер на екстремно десничарската партија Лига, на социјалните мрежи, според бриселскиот Политико.

Салвини истакна дека Италија повеќе не треба да биде предмет на „наднационални центри за моќ“, кои, како што рече, соработуваат со мултинационални фармацевтски компании.

Тој повика парите што Италија ќе ги додели на СЗО да се користат за поддршка на болните во Италија и за финансирање на болниците и лекарите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО воведува мерки за штедење по повлекувањето на САД од организацијата

Предлогот дојде откако Трамп потпиша извршна наредба за повлекување на САД од СЗО.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, близок сојузник на Трамп во Европа, сè уште не го коментираше предлогот на Салвини, додека нејзиниот портпарол рече дека таа во моментов нема официјален став за ова прашање.

Обединетите нации претходно објавија дека САД ќе ја напуштат СЗО на 22 јануари 2026 година, откако Трамп официјално ги извести за одлуката.

Трамп ја обвини агенцијата на ООН за лошо справување со пандемијата „Ковид-19“ и други меѓународни здравствени кризи.

Loading...

Повлекувањето на САД од СЗО, според неколку експерти внатре и надвор од организацијата, најверојатно ќе ги загрози бројните програми, особено оние кои се занимаваат со туберкулоза, како и со ХИВ и други здравствени итни случаи, пишува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО воведува мерки за штедење по повлекувањето на САД од организацијата