Црвеното предупредување за „опасност по животот“ беше издадено за поголемиот дел од Велс и делови од југозападна Англија, бидејќи Дара, четвртата бура во сезоната, падна на копно во Велика Британија, откако претходно ја зафати Ирска.
Владата испрати СМС порака до околу три милиони луѓе, предупредувајќи ги за претстојните бури и советувајќи ги „да останат во своите домови ако е можно“, нагласувајќи дека не е безбедно да се вози во бурни услови, објави Скај њуз во 3. 00 часот, а црвеното предупредување ќе трае до 11:00 часот.
Лондонската полиција соопшти дека бурата Дара може да донесе налети до 145 километри на час.
Црвеното предупредување е едно од деветте предупредувања во сила овој викенд, вклучително и две портокалови предупредувања за ветер.
Предупредување за ветер е во сила речиси за цела Велика Британија и ќе биде во сила до утре наутро.
Бурата Дара веќе предизвика големи проблеми во снабдувањето со електрична енергија, пишува „Гардијан“.
Според извештаите од Националната мрежа, повеќе од 12.600 домаќинства во централна и југозападна Англија, како и повеќе од 20.000 домаќинства во Велс, останале без струја.
Исто така, на веб-страницата на Електродистрибуција Северна Ирска е наведено дека во моментов не можат да проценат кога би можело да продолжи снабдувањето со електрична енергија, пренесува Танјуг.