Бугарскиот парламент го отфрли ветото што претседателот Румен Радев го стави на Законот за ратификација на договорот со Украина за испорака на оклопни возила.
ГЕРБ-СДС, НП-ДБ, Движењето за права и слободи и „Има таков народ“ гласаа против ветото на одлуката за испраќање 100 воени транспортери, јавува Танјуг.
Ветото го поддржаа пратениците на БСП и Препород, јавува Радио Бугарија.
Договорот меѓу Бугарија и Украина беше потпишан во Софија на 8 август 2023 година и во Киев на 13 ноември 2023 година.
Претседателот Радев на 4 декември го врати на нова расправа во парламентот Законот за потврдување на договорот со кој Бугарија бесплатно и дава оклопни транспортери на Украина.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.