Приведен 45-годишник од кумановско. Се заканувал на малолетник

Сподели со своите пријатели

Четириесет и петгодишник од кумановско бил приведен вчера по пријава дека бил вулгарен и се заканувал на малолетник.

– На 09.10.2026 во 15:25 часот, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го приведоа С.Г.(45) од село Клечовце, кумановско постапувајќи по претходна пријава дека вулгарно се однесувал и упатувал закани кон малолетник, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Целта на казната за Трајко Бојковски е трајна и апсолутна изолација од слободното општество (ВИДЕО)