Шеесет и деветгодишник во Куманово бил приведен вчера откако физички нападнал вработени во трговски објект.
– На 09.10.2026 во 09:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа Ч.Ј.(69) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во трговски објект на улицата „11 Октомври“ во Куманово, го нарушил јавниот ред и мир со физички напад кон вработените, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Никола Ивановски

