Британците ѝ оддаваат почит на кралицата

Сподели со своите пријатели

Ожалостените кои сакаат да ѝ оддадат последна почит на кралицата Елизабета Втора се предупредени да очекуваат долги редици, јавува Би-Би-Си.

Loading...

Објавени се деталите за тоа како луѓето можат да присуствуваат, кога посмртните останки ќе бидат изложени во Вестминстерската палата.

Се очекуваат огромни гужви, а оние што планираат да присуствуваат на историскиот настан можеби ќе треба да чекаат ред со часови, дури и цела ноќ.

На луѓето им се препорачува да носат храна, пијалак и соодветна облека.

Почитта ќе започне во среда во 17:00 часот и ќе продолжи до понеделник, 19 септември во 6:30 часот, денот кога е закажан погребот на кралицата.

Последен пат во палатата беше одржана почит на член на кралското семејство во 2002 година кога почина мајката на кралицата, а околу 200.000 луѓе потоа чекаа во ред за да поминат покрај ковчегот.

Доцнење на јавниот транспорт и затворање на патиштата се очекуваат и во областа околу палатата, јави Би-Би-Си.

Елизабета Втора (96) почина на 8 септември во Балморал.

Loading...

Нејзиниот погреб ќе се одржи на 19 септември во Лондон, а во меѓувреме нејзиниот најстар син Чарлс е прогласен за британски крал Чарлс Трети.

Поворката со ковчегот на британската кралица пристигна во неделата во палатата Холирудхаус, официјалната резиденција на британските монарси во Единбург, пред која се собраа голем број луѓе.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.