Можеби до сега немате слушнато за Коди Вокер, но одсега ќе знаете кој е тој. Коди е всушност помладиот брат на прерано загинатиот актер Пол Вокер, кој настрада во автомобилска несреќа пред конечно да заврши снимањето на филмот Furious 7.
Коби беше актерот кој го заврши снимањето на филмот на местото на неговиот брат играјќи ја улогата на Брајан Конер по трагичната смрт на својот брат.
Тука најверојатно се родила љубовта кон актерството, па така Коби Вокер потпишал договор со една филмска продукција за негова прва поголема улога.
Додека Коди го заменуваше неговиот брат во филмот, тоа не вклучуваше посебно негово глумење, туку само беше дел од поширокита кадри од далеку и на некои места преку специјална технологија беше заменето неговото лице со лицето на загинатата ѕвезда.
Филмот во кој Коди Вокер ќе ја добие својата прва поголема улога е USS Indianapolis: Men of Courage. Инспириран од вистинити настани, приказна ќе ги прикаже настаните на новата екипа која на брод во средината на океанот ќе престојува пет дена, откако ќе достават атомска бомба која ќе донесе крај на Втората светска војна.
Освен Коди Вокер, во филмот главната улога ќе биде на Николас Кејџ, а дел од актерската екипа ќе бидат и Том Сизмор, Мет Лантер и Томас Џејн.
За сега нема наговестувања која ќе биде улогата на младиот Вокер, а филмот во кино салите може да се очекува во 2016 година.