Борел: Американците да одлучат кого сакаат во Белата куќа, се најдобро на наследникот на Бајден

Сподели со своите пријатели

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Џозеп Борел изјави денеска, по повод повлекувањето на американскиот претседател Џозеф Бајден од кампањата за реизбор, дека не сака да се меша во изборот на следниот претседател на САД и му посака на наследникот на Бајден се најдобар.

Loading...

„Знам дека претседателот Бајден одлучи да се повлече. Му посакувам се најдобро на личноста назначена од демократите, на личноста која ќе го заземе неговото место“, рече Борел по пристигнувањето во Советот за надворешни работи на ЕУ.

Тој додаде дека Американците треба да одлучат кого сакаат да видат во Белата куќа и додаде дека ќе има „прилично важна разлика во трансатлантските односи“ во зависност од тоа кого ќе изберат.

„Но, граѓаните на САД одлучуваат за тоа. Јас не сакам да се мешам“, рече Борел.