Италијанската премиерка Џорџа Мелони се сретна во среда со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на самитот на НАТО во Анкара, соопшти нејзиниот кабинет, пренесува Анса.
– За време на состанокот, беше потврдена силната посветеност на Италија да застане на страната на Украина и да го поддржи процесот што води кон праведен и траен мир – се наведува во соопштението.
– Мелони, исто така, потврди дека Италија ќе продолжи да му помага на украинскиот народ, со посебен фокус на мерки за зајакнување на отпорноста на енергетската инфраструктура, која е сериозно погодена од руските напади – се наведува во соопштението.

