БОГАТСТВО ВО ВИСТИНСКИ ЧАС: Купил часовник пред 55 години и никогаш не го носел, а тогаш… (видео)

Сподели со своите пријатели

Колку е важно да се чуваат старите кутии по таванот и подрумот докажува приказната на Питер Пејнс од Тусон во Аризона, кој ја пронашол својата стара кутија со „Ролекс“, а кога ја однел на проценка сфатил дека има вистинско богатство.

Тој на проценка донел стар рачен часовник од 1969 година, марка „GMT Master Model Rolex“ со се кутија и документи кои ја докажуваат неговата автентичност.

Петер овој часовник го купил пред 55 години во Германија кога таму служел војска и за тоа дал 120 долари. Покрај тоа, купил уште еден часовник со златен додаток за својот татко и го платил 104 долари. Тоа тогаш биле многу пари, се сеќава тој.

Мене мојот полковник ми рече да купам „Ролекс“ часовник пред да се вратам во Америка, затоа што мислел дека тоа е најдобриот часовник некогаш направен и дека Германија е најдоброто место каде тоа може да се купи. Овој часовник навистина ми се допадна, а интересно е што претходно никогаш немав слушнато за „Ролекс“. Сега не го носам, затоа што го носам својот ефтин часовник, а овој го чувам како спомен – рекол тој.

Loading...

 

Антикварот признал дека бил многу возбуден кога го видел овој часовник кој го донел Петар, затоа што тоа бил вистински ГМТ модел на „Ролекс“ кој некогаш бил направен.

Тој му признал на Питер дека овој часовник во светот на колекционерите е доста вреден и баран и дека за него може да добие од неверојатни 35-45 илјади долари. Но, тоа не е се, бидејќи Питер ја сочувал и документацијата и оргиналната кутија, нараквица и сметка за него, целиот комплет може да се продаде за околу 75.000 долари.