Близу 70 литри дожд во кумановско предизвика одрони и поплава во семејна куќа

Сподели со своите пријатели

По обилните дождови што ја зафатија Македонија во последните 24 часа, Регионалниот центар за управување со кризи информира дека на  карактеристичниот  телефонски број 195,  добиени се неколку  информации  за одрони на пат, и тоа на патот Свети  Николе  кон Куманово при  излезот  од  с. Доброшане, каде се пријавени големи  одрони,  при што веднаш биле известени екипите на   Македонија Пат за расчистување на сообраќајницата.

Loading...

Вториот одрон на пат е пријавен на патот Куманово – Крива  Паланка   кај с. Страцин каде исто така биле испратени екипи на Македонија Пат од Крива Паланка.

Од  СВР Куманово во текот на изминатите 24 часа е добиена информација дека во семејна куќа е пријавена поплава  во  подрумот  и помошните  простории, при што била побарана итна интервенција од ТППЕ Куманово како и ДЗС за понатамношна постапка.

Според мерењата на УХРМ, во последните 24 часа, во Пожаране се наврнати 100 литри на метар квадратен, во Крушево 99, следат Охрид со 90, Претор со 87, Тополчани и Тетово со 82, Ѓуришпте и Прилеп 78, Гевгелија со 77, Скопје 71, Маврово и Берово со 70, Куманово и Лазарополе со 69, Крива Паланка со 68, Виница со 63, Штип и Струмица 60, Дојран 58, Битола 52, Пожар 44 и Демир Капија 34 литри на метар квадратен.