Бетим Хајдари од денеска официјално не е член на Советот на Општина Куманово откако едногласно беше прифатена неговата оставка.
Loading...
Хајдари поднел оставка поради вработување на друго место, а беше дел од советничката група на здружението на граѓани „За наше Куманово“.
На неговото место треба да дојде советник од листата на здружението, а според листата кандидати со која „За наше Куманово“ настапи на изборите, тоа би требало да биде Борис Станковски, иако тоа сѐ уште не е официјално.
Никола Ивановски