Белорусија и Кина заеднички ќе произведуваат електрични возила

Сподели со своите пријатели

Белорусија и Кина се договорија да организираат заедничко производство на електрични возила во Белорусија, изјави министерот за економија Александар Червјаков по посетата на белоруската делегација на Пекинг.

Loading...

Червјаков рече дека одреден број компании дале согласност за организирање на производство на електрични возила во Белорусија, соопшти денеска прес-службата на белоруската влада, пренесе РИА Новости.

За време на посетата на Кина беа решени прашањата за опремување на Националниот аеродром во Минск, постигнати се договори за набавка на 15 железнички локомотиви, како и за четирикратно зголемување на бројот на дозволи за белоруски возила кои превезуваат стока во Кина, истакна Червјаков.

Според неговите зборови, Минск и Пекинг се договориле да развијат заеднички проекти за обука на персоналот во здравствениот сектор, како и производство на медицинска опрема и фармацевтски производи, пренесува Танјуг.