Бајден му рекол на Чарлс дека нема да присуствува на неговото крунисување

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден во телефонски разговор му рекол на британскиот крал Чарлс дека првата дама Џил Бајден ќе присуствува на неговото крунисување во мај, објави Белата куќа.

Loading...

Бајден му честитал на Чарлс за крунисувањето, кое е закажано за 6 мај, и додал дека би сакал да се сретне со него во Велика Британија, во моментот што ќе се договори, пренесува Ројтерс.

Чарлс ќе биде крунисан на 6 мај на свечена церемонија во Вестминстерската опатија.

Се очекува на крунисувањето да присуствуваат десетици светски лидери.

Американските претседатели традиционално не присуствуваат на крунисувањето на британските монарси.

Минатиот септември Бајден присуствуваше на погребот на мајката на кралот Чарлс, кралицата Елизабета, пренесува Танјуг.