Бајден: Моите мисли се со кралицата и нејзиното семејство

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден зборуваше по веста за влошена здравствена состојба на кралицата Елизабета Втора.

Loading...

Белата куќа ги објави зборовите на претседателот Бајден, кој рече дека неговите мисли се со кралицата и нејзиното семејство, пренесува Би-Би-Си.

Инаку, британскиот национален јавен сервис БиБиСи престана да ја емитува својата редовна програма и од минута во минута известува за здравствената состојба на кралицата Елизабета Втора.

Таа е под медицински надзор во нејзиниот замок Балморал во Шкотска. Како што пишуваат британските медиуми, лекарите се загрижени за нејзиното здравје.

Во случај да почине кралицата Елизабета Втора, британските власти имаат подготвен план за се што ќе следи во наредните денови – од начинот на кој ќе се соопштува веста до самиот погреб.

Постапката која дава насоки за тоа што да се прави во случај на смрт на кралицата е наречена „Операција Лондон Бриџ“.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.