Кумановец вчеравечер во полиција пријавил дека неговиот малолетен син и негов другар биле физички нападнати во селото Лопате.
– На 11.11.2026 во 19:40 часот во СВР Куманово Х.Ф.(35) од Куманово пријави дека околу 17:00 часот во с.Лопате, кумановско, неговиот малолетен син и негов другар биле физички нападнати од М.С., информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

