Би-Би-Си ја прекина редовна програма, роднините на кралицата заминаа за Шкотска

Сподели со своите пријатели

Британскиот јавен сервис БиБиСи ја прекина својата редовна програма за известување за состојбата на кралицата Елизабета, која беше ставена под медицински надзор во Балморал.

Loading...

Исто така, британскиот принц Чарлс и неговиот син принцот Вилијам итно отпатувале во резиденцијата на замокот на кралицата Елизабета Втора во Шкотска.

Принцот од Велс отпатува во Балморал со неговата сопруга Камила, војвотката од Корнвол, изјави портпаролот на неговата кралска резиденција.

Палатата Кенсингтон потврди дека и принцот Вилијам отпатувал во Балморал.

Британските медиуми јавуваат дека во Балморал се поканети и други членови на семејството, додека на социјалните мрежи се шпекулира дека отишле да го кажат последното збогум.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

На сериозноста на ситуацијата укажува и тоа што за тоа се информирани сите пратеници од двата дома на британскиот парламент, но и членовите на новоизбраниот кабинет на новата премиерка Лиз Трус.

Бакингемската палата претходно соопшти дека лекарите се загрижени за здравјето на кралицата и препорачале таа да остане под медицински надзор во замокот Балморал во Шкотска.

„По прегледот утринава, лекарите на кралицата се загрижени за здравјето на нејзиното височество и препорачаа таа да остане под медицински надзор“, се вели во соопштението.

Loading...

Британскиот национален јавен сервис БиБиСи денеска престана да ја емитува својата редовна програма со цел да обезбеди ажурирања од минута во минута за здравјето на кралицата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.