Автопатот кој ги поврзува Куманово и Скопје ќе биде меѓу приоритетите на петгодишната програма за автопати, регионални и експресни патишта.
Како што рече денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, интензивно се работи на планирање на реконструкција и на автопатите и експресните патишта.
– Се прават напори да се добијат финансиски средства, да се добијат кридити, извори на средства од каде тие ќе бидат финансирани, сигурно и патниот правец Скопје – Куманово, како и триаголникот Хиподром, Петровец – Миладиновци е во тој приоритет. Не можеме точно да кажеме сега, но интензивно работиме и на петгодишната програма за регионални патишта, автопати и експресни патишта, која последна е направена во 2013 година, изјави Трајановски.
Со таа програма вели тој, ќе се знае однапред пет години кои ќе бидат приоритетите за работа.
Никола Ивановски