Вкупно 15 зглобови за клипови за мотори, биле откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопа, информираат од Царинската управа на Република Македонија.
Непријавените производи, пронајдени во две патни торби, сместени во багажникот на возилото се привремено задржани, а против возачот била поведена соодветна постапка.
Mинатата недела и за време на Велигденските празници, на граничните премини царинските службеници откриле неколку обиди за криумчарење, при што привремено биле задржани, цигари, фалсификати, GPS уреди, батерии за мобилни телефони, автоделови, анестетик и други предмети и материјали кои се привремено одземени.