Авганистан ја затвора својата амбасада во Норвешка, еден ден по најавеното затворање во Лондон

Сподели со своите пријатели

Авганистан ја затвора својата амбасада во Норвешка, еден ден по најавеното затворање на своето претставништво во Лондон.

Loading...

Во соопштението на амбасадата на мрежата Икс, беше најавено дека затворањето ќе биде во четврток и дека просториите во Осло ќе бидат предадени на норвешкото Министерство за надворешни работи.

„Амбасадата на Исламската Република Авганистан, како и многу други политички и конзуларни претставништва на Авганистан, ќе ги продолжат своите активности со вредностите на почитување на човековите права, плурализмот и мирот, и покрај бројните тешкотии и ограничените ресурси“, се вели во соопштението на амбасадата.

Министерството за надворешни работи на Велика Британија вчера соопшти дека Авганистан ја затвора својата амбасада во Лондон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Франција освоен џекпот од 250 милиони евра

Талибанските власти во Кабул не беа достапни за коментар за затворањето на амбасадите во Осло и Лондон.