Алжир предлага шестмесечен транзициски план за Нигер

Сподели со своите пријатели

Алжирскиот министер за надворешни работи Ахмед Атаф предложи шестмесечен транзициски план за соседен Нигер, каде пучистите бараат подолга временска рамка за враќање на демократијата.

Loading...

Во вторникот тој предложи шестмесечна преодна фаза за да му даде шанса на Нигер да го врати „уставниот и демократскиот поредок“.

Од друга страна, лидерот на пучот во Нигер, генерал Абдурахман Тијани, повика на преоден период кој би траел до три години.

Шефот на алжирската дипломатија повтори дека Алжир се противи на воена интервенција во Нигер, додавајќи дека воздушниот простор на неговата земја нема да се користи за таква акција, пренесува „Франс 24“.

Атаф го претстави својот предлог по посетата на три земји кои граничат со Нигер, кои се членки на Економската организација на западноафриканските држави (ECOWAS) минатата недела.

ECOWAS претходно објави дека се подготвени воено да интервенираат во Нигер доколку, како што наведоа, не се врати демократијата во таа земја.