Алуминиумска фолија и трикови кои не сте ги знаеле

Сподели со своите пријатели

Најчесто ја користиме кога нешто сакаме да испечеме или просто некоја храна да ја завиткаме во неа. Изненадувачки е што се може да направите со неа за што се може да послужи како во кујната така и надвор од неа. Алуминиумската фолија и триковите кои не сте ги знаеле.

Алуминиумската фолија ја има во секое домаќинство, но обично се користи кога треба нешто да печете во рерната. За почеток фолијата може да послужи и кога нешто се пржи во тавата. За да ја заштитите храната од лепење во тавата, на дното ставете ја фолијата. Ова исто така е одличен начина кој можете да пржите без масло.

Трикови со фенот за кои сигурно не сте знаеле (видео)

Loading...

Фолијата исто така може да се користи и за пишвање на мобилниот телефон затоа што на неа реагира исто како на допир со прст. Замотајте врв на обично пенкало во фолија и ќе го добиете потребното за вашиот телефон. Исто така со фолија може да го чистите врвотод пиштол за силиконски лепак и тоа многу лесно. Веротјано сте слушнале дека со фолија можете да го подобрите и Wi-Fi сигналот.

Ако сте од оние кои често сакаат да прават нов распоред во својот дом, фолијата може да ви помогне во тоа. За да полесно го преместите мебелот, ставете парчиња фолија под ногарките. Фолијата создава дополнително лизгање.

 

 

За да ја исчистите сребрерината, ставете алуминимска фолија на дното од садот, на неа вашите сребрени предмети, а потоа додадете малку соа бикарбона и сол, па прелијте со зовриена вода. Исто така и вашата пегла за алишта ќе блеснек ја истриете со фолија.

Маказите се тапи, но не грижете се. сечете со нив парче фолија десетина пати. Не само што ќе бидат наострени туку и зарѓавеноста ќе исчезне доколку се нафатила на сечивото.

Ставете алуминиумска фолија под облеката пред пеглањето. Фолијата станува толку топла и така лесно се пегла облеката од двете страни.

Leave a Reply