Алијанса за позитивна Македонија се приклучува на протестот на опозицијата

Сподели со своите пријатели

Главниот одбор на Алијансата за позитивна Македонија во соопштение до јавноста, информира дека партијата ќе се приклучи и воедно испраќа апел до своето членство да излезат на мирните и ненасилни протести на 17 мај во Скопје.

Loading...

”Како либерално – демократска политичка партија која го афирмира и практикува во своите редови граѓанскиот и мултикултурниот концепт, цени дека приоритет во решавањето на кризата треба да се даде на политичкиот договор, со што ќе се формира преодна влада, која за главна цел ќе има да организира фер и демократски избори, според нов Изборен законик, каде ќе се предвиви: – Целосно одвојување на партиите од државата и од управувањето со изборниот процес;

– Република Македонија да биде една изборна единица;

– Отворени кандидатски листи;

– Во Собранието да бидат резервирани 10% од пратенички места за сите заедници што се под 20% од вкупниот број на населението во Р. Македонија;

– Департизација на Државната изборна комисија;

– Пред распуштање на парламентот, за сите наредни парламентарни избори да се формира непартиска техничка влада што ќе ги реализира изборите”.

Главниот Одбор на Алијансата за позитивна Македонија апелира до владеачката коалиција и до државните институции да ги обезбедат сите потребни услови да граѓаните непречено, мирно и безбедно ги искористат своите уставни загарантирани права, особено правото на протест и правото слобода на изразувањето и на говорот.

ГО на Алијансата за позитивна Македонија ги повикува своите членови и симпатизери да излезат на мирни и ненасилни протести на 17 Мај 2015 организирани од граѓанското движење „Граѓаните за Македонија“, се вели во партиското соопштение до јавноста.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *