Кошаркарскиот Клуб Куманово потпиша нов едногодишен договор со кошаркарот Александар Костоски (1988), еден од најдобрите играчи на клубот. Потпишувањето на договорот доаѓа на неколку часа, откако КК Куманово го официјализираше учеството во ФИБА.
Куманово сака да изгради тим кој може да се носи на европска сцена следната сезона, велат од управата на клубот.
Приоритет на управата на клубот беше да задржи костурот на тимот а како прва цел беше македонскиот репрезентативец.
– Со задоволство можеме да објавиме дека Костоски уште една година ќе настапува за нашиот тим. Сакавме најпрвин да потпишеме договор со македонскиот репрезентативец, а потоа да седнеме на маса и со останатите кошаркари што ги планираме. Како што веќе имаме најавено, цел ќе ни биде да го задржиме костурот на тимот од минатата сезона, па со уште неколку засилувања да составиме тим што ќе биде уште поквалитетен и ќе ни помогне да атакуваме на највисок пласман во сезоната што следи – истакнаа од КК Куманово.