Ако сакате сланина и кулен еве колку смеете да јадете, а да не предизвикате болести

Сподели со своите пријатели

Направени се бројни студии за влијанието на црвеното месо, и додека нутриционистите советуваат да јадеме одредени видови месо и да го подготвуваме на посебен начин, многумина сè уште не се откажуваат од месните производи.

Loading...

Тие се вкусни, погодни се и за лесна подготовка на сендвич или брз оброк, но не се здрави, покажаа голем број студии.

 

 

Производите од сушено месо, како што се разни колбаси, кулен, салама, се особено на удар на експертите, бидејќи нивниот состав е честопати своевидна „мистерија“.

Повеќето од нив се согласуваат дека консумирањето вакви производи во поголеми количини може да го загрози здравјето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Билка која го заменува кафето и помага при слабеење

Но, што значи поголема количина?

Loading...

 

 

Студија спроведена на Институтот за кардиоваскуларни и мозочни заболувања во Хамилтон, Канада, покажа дека само 150 грама месни производи неделно може да го зголемат ризикот од кардиоваскуларни болести или предвремена смрт, пренесуваат канадските медиуми.

„Во споредба со луѓето кои не јадат преработено месо, оние кои јадат 150 грама неделно имаат 46% поголеми шанси да развијат некои од овие болести, па дури и 51% поголем ризик од предвремена смрт“, рече Машид Деган, авторот на студија.

Околу 150 грама се, грубо, два помали колбаси, едно пакување салама или помало парче сланина.

 

Loading...

 

Помалку од тоа наводно не го зголемува ризикот, но повеќе од таа количина ќе го загрози здравјето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Знаци на недостаток на железо! Зошто оваа супстанца е толку важна?

Студијата опфатила дури 135.000 луѓе од вкупно 21 земја, а нивната здравствена состојба била следена десет години.

Резултатите се објавени во Американскиот журнал за клиничка исхрана.