Четири илјади денари се месечните примања со кои 47-годишниот Бране Велковски од Куманово треба да ги издржува сопругата и двете малолетни деца, двегодишниот Алексеј и Лана која има една година.
Бране тешко се грижи и самиот за себе затоа што неговиот вид 95% е оштетен, а проблеми со здравјето има и неговата сопруга Тања. Триесет и седум годишната мајка е по потекло од Србија, а бидејќи се уште нема македонско државјанство не може да работи.
Живеат без струја во стан кој го исплаќаат секој месец. Со средствата од паричниот надоместок за помош и нега не може да ги подмири сметките за електрична енергија па останал без неа.
Претходно Велковски добивал и постојана парична помош, но бидејќи не знаел дека треба да пријави дека неговата мајка починала, институциите му ги укинале средствата и треба да чека година дена пред повторно да добие ваков надоместок.
– Додека беа мајка ми и татко ми живи купуваа и тие, сега нема, вели Велковски кој ја раскажа својата мака пред новинарските екипи со надеж дека некој ќе му помогне.
Поради својот инвалидитет секаде каде побарал работа го одбиле, па своите деца, тешко ги прехранува, а со голема мака собира и дрва за огрев за да неговите деца не премрзнат.
Како што раскажаа од неговото семејство, Велковски може да ја наследи пензијата на својот татко поради оштетениот вид со кој живее уште од своето детство, но притоа да му се одземе деловната способност преку судска постапка која како што велат чини околу 200 евра.
– Ако може некој да ми помогне, ако е во можност да ми излезе во пресрет, рече Велковски.
Срамеживо, исплашено и со солзи во очите, 47-годишниот кумановец денеска раскажувајќи ја својата животна приказна упати апел до сите кои сакаат да помогнат да донираат храна, хигиенски препарати и парични средства.
Неговата трансакциска сметка е во Стопанска банка: 200002002232088
Сите добронамерни граѓани можат да го контактираат и неговото семејство на телефонскиот број 079-254-148.
Loading...