Низа пожари избувнале вчера како резултат на силниот ветер, а кај голем дел од нив директна причина било судирањето на соголени жици.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во кумановско Челопек е опожарена и една куќа. Тројца пожарникари интервенирале во период од 19:00 до 19:40 часот.

Во селото Руѓинце било опожарено жито. Тројца пожарникари од ТППЕ Куманово интервенирале од 18:25 до 20:45 часот.
На улицата „Индустриска“ била опожарена бандера, при што тројца пожарникари гаснеле од 20:20 до 20:45 часот.

Тројца пожарникари интервенирале и електричен столб паднат врз автомобил на булеварот „Октомвриска револуција“ од 19:50 до 20:20 часот.
Полни раце работа имале и пожарникарите од ТППЕ Старо Нагоричане.

Околу 13:37 чаот избувнал пожар на сува трева и ниска шума во атарот на селата Степанце и Добрача.

Дури 12 пожарникари со три возила учествувале во гаснењето, а на помош пристигнале и вработени од шумското стопанство, полицијата, ТППЕ Ранковце и два авиони на Дирекцијата за заштита и спасување.

Пожарот бил изгаснат околу 17:20 часот благодарение на силниот дожд кој го зафати регионот.

Но, токму силното невреме содало нови пожари и тоа во селата Канарево, Пузајка, Руѓинце, Жегљане и Челопек,
– Од Командирот бевме известени дека од силниот ветер дошло до спојување на електричи жици и при тоа било предизвикано пожари во с.Канарево, Пузајка, Ругинце,Жегљане и Челопек, пожарите биле изгаснати од дождот, додаваат од РЦУК.

Никола Ивановски

