Натписот е пронајден на камен столб, при минатогодишните ископувања на локалитетот близу градот, под порковителство на израелскиот Институт за археологија.
Камениот столб припаѓал на римската градба, а на него се наоѓал Хебрејски натпис на кој пишувало „Hanania, sin Dodalusa, Jerusalim“.
Натписот е претставен во израелскиот музеј, а оние кои го пронашле велат дека ова е единствено откритие од периодот на вториот храм кој содржи цело име на градот, а изгравиран е пред 2.000 години.
Археолозите открија гробници во вид на тегли стари 2800 години (видео)
Loading...
– Како граѓанин на Ерусалим многу сум горд што имам можност да го набљудувам овој натпис, кој сведочи за името на градот, а е толку стар, како и достапен за сите кои го знаат Хебрејскиот јазик, рекол директорот на музејот Идо Бруно, а пренесуваат локалните медиуми.
Името Ерусалим претходно се јавувал во скратената верзија, а ова е прв натпис кој го содржи целосното име на градот.