Приведен кумановец кој возел со 2,15 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Четириесет и шестгодишник од кумановско бил приведен вчеравечер откако полицијата констатирала дека возел под дејство на алкохол.

– На 26.06.2026 во 20:48 часот на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(46) од село Доброшане, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при сообраќајна контрола на булевар „Октомвриска револуција“, запрено е патничко возило „мерцедес“ со странски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека А.С. е под дејство на алкохол, односно дека има 2,15 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 42-годишник во Перо Чичо, возел мотор без дозвола

– По насоки на јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против А.С. ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски