Метални шини за поставување на лифт биле украдени од градилиште на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово.
– На 26.06.2026 во 14:15 часот во СВР Куманово, М.А.(29) од Куманово пријави дека од објект во изградба на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, на точно неутврден датум, во изминатите два месеци, биле одземени метални шини за поставување на лифт, сопственост на правно лице од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

