За тројцата браќа кои живеат на Лонг Ајленд во САД, се верува дека се последните живи наследници на Адолф Хитлер.
Живеат повлечено и ретко даваат интервјуа, а единствено што ги прави поразлично од соседите е бел дрвен ѕид, висок два метри, со кој е заграден нивниот имот.
На тремот на куќата во која живеат Брајан и Луис, се виори американско знаме, но то е сосема вообичаена слика за Лонг Ајленд.
Во градот од 20.000 луѓе, едвај некој да знае дека наследниците на Хитлер живеат во нивното соседство, затоа што браќата добро ја чуваат својата тајна.
Семејството во 1946. година го сменило презимето најпрвин во „Хилер“, а подоцна во англиско двојно име. Брајан и Лус се внуци на германскиот диктатор, кој бил чичко на нивниот татко Патрик Хитлер.
Роден е во Велика Британија, Вилијам – Вили, а емигрирал во САД во 1930. година. Во Втората светска војна како член на американската морнарица се борел против германската, а тогаш неговото семејство се уште го носело презимето Хитлер.
По војната Вили Хитлер како да исчезнал. Со сопругата, Германката Филс, се повлекол на Лонг Ајленд, а своите синови сакал да ги поштеди од проклеството кое го носило семејното име во светската историја. Исто така, бил многу загрижен поради преостанатите нацисти, затоа што Хитлер го мразел и го нарекувал „гнасен“.
Пред 20 години, книгата на бритнаскиот автор Дејвид Гарднер открива дека семејството и натаму постои, поточно машките потомци. Се останато се гласини.
Досега никој од новинарите не разговарал со нив. Кога во 2006 година ги пронашле репортерите на Њујорк Тајмс, тие не сакале да дадат интервју. Без исклучоци. Така било и сега, кога со нив се обидел да разговара новинар на американското списание „Билд“.
И овој пат браќата останале доследни. Откако човекот слушнал дека лицето кое ѕвонело на вратата е всушност новинар од Германија, му рекол дека му е жал и ја затворил капијата. Мажот на возраст околу 50 години, со црна коса, избричен и во шорц, со итен чекор се вратил дома и набргу ги вклучил прскалките во дворо. Како што заклучил странецот, тоа бил очигледен знак дека требало да си оди, но наведува дека тоа бил најмладиот од браќата, Брајан.
Репортнерот, не откривајќи ја смејната тајна на наследниците на Хитлер, се обидел да разговара ос некој од нивните соседи, но не знаеле да кажат ништо, освен дека понекогаш си мавтаат меѓусбено.
Дека нешто знае за своите соседи, покажала само една жена кој живеела преку патот. Освен што ги нарекла Хитлер, сосетката рекла дека се обично луѓе и дека не е во ред било кој да пати поради грешките на своите роднини или претци. Соседката не сакала да каже ништо повеќе од тоа.
АРИЕВСКА РАСА: Децата од тајниот проект на Хитлер се уште се живи
Последна надеж дека нешто ќе дознае, германскиот новинар вложил во најстариот брат, АЛександар (68) кој живее на северот на островот, во гратче до кое со автомобил се пристигнува за 45 минуги од местото каде што живеат Брајан и Луси.
Александар Хитлер живее во дрвена куќа. Травникот е малку заразнат, но со бројно цвеќиња изгледа уредно. Неговата куќа не е забарикадирана со ѕид.
Германскиот новинар забележал дека нема ѕвоно, па чукнал на вратата, но никој не отворил. Немало ни автомобил до приодот, па се распрашал кај соседите дали знаат каде е човекот кој живее во таа куќа.
Љубезен брачен пар во соседството одговорил дека Алекс веројатно е на риболов. Малку разговарал со нив и дознал дека сосетката на Алекс е од Австрија, но дека не знае ништо за семејството на Александар.
ХИТЛЕР Е ЖИВ: 128-годишен старец тврди дека е нацистичкиот лидер (видео)