Кучињата сакаат да јадат човечка храна, но постојат овошје и зеленчук кои за нив се отровни, па затоа пред да им пружите нешто од вашата чинија затоа што ве гледа тажно, добро размислете.
Loading...
Постојат многу видови на овошје и зеленчук кои кучињата можат да ги јадат без страв дека тоа ќе им штети, но постојат и неколку кои можат да бидат отровни кога ќе ги изедат.
Науката докажа: Кучињата го разбираат човековиот говор
Семки од овошје
Ова ги вклучува семките почнувајќи од вишњи, сливи, кајсии, па се до нектарини. Освен очигледната опасност од гушење, семките можат да предизвикаат дигестивна опструкција, а содржат и цијанид. Срцевиот удар е можен во рок од два дена доколку проблемот не се реши.
Кучињата можат да откријат рак кај луѓето
Симптомите од труење со цијанид вклучуваат проширени зеиници, хипервентилација, шок, повраќање, срцева аритмија и иритација на кожата. Доколку се сомневате на тоа дека вашето куче изело некоја од овие токсични видови храна, повикајте ветеринар без чекање. Исто така, имајте предвид дека ова се само неколку од најчестите растенија со кои кучињата имаат проблеми, а листата е подолга.
Лук и кромид
Постојат многу оспорувања за лукот. Кога се користи во исклучително мали количини, лукот може да биде добар за вашето куче, затоа што се смета за природен антибиотик. Од друга страна, доколку кучето внесе лук или кромид во поголеми количини може да биде предизвикана анемија и вознемирување на стомакот поради уништување на црвените крвни зрнца. Симптомите за забрзана работа на срцето, слабост, летаргија, повраќање, дијареја, крв во уринот.
Loading...
Домати
Доматите содржат штетен алкалоид кој се нарекува атропин и кој може да предизвика сериозни проблеми. Зелените или недеоволно зрели домати имаат помалку токсини, но и натаму можат да го иритираат стомакот. Симптомите вклучуваат треска, напади и аритмија.
Гројзе
Гројзето може да предизвика откажување на бубрезите во рок од само 24 часа по јадењето. Симптомите вклучуваат повраќање, губење на апетитот, дијареја, абдоминални болки, намалена уринација и проблеми со движењето.