Според сите пресметки, универзумот требало да исчезне истиот момент кога бил и создаден, но тоа не се случило, а причината се уште не им е позната на науниците.
На почетокот, според стандардниот модел, псотоеле еднакви количини на материја и антиматерија. Ако се поништувале рамномерно, како што било очекувано, ништо не би постоело.
Loading...
Истражувачите веќе со години се обидуваат да пронајдат некое објаснување зошто универзумот, а и ние во него, се уште постои, но без успех.
– Според сите досегашни мерења, постои симетрија помеѓу материјата и антиматеријата во погледот на маса, наелектризирање и други фактори, што значи дека универзумот воопшто не би требало да постои. Некои разлики помеѓу материјата и антиматеријата мора да постојат, но ние не можеме да ги пронајдеме, вели Кристијан Смора, автор на новата студија спроведена во CERN.
Едно објаснување било дека антиматеријата и материјата имаат поинаков магнетизам, но новото истражување покажало дека се идентични во тој поглед.
Новата студија, предводена од др. Смора, ги мерела антипротоните и покажала дека се во целост идентични со протоните.
Истражувачите се надеваат дека ќе може да ги испитаат подетално нивните својства, благодарение на нови методи, а некои веќе се поигруваат со доста интересни идеи – што ако антиматеријата има „обратна“ гравитација?