Кај нас јагнешкото месо се троши најмногу околу Велигден. Во останатото време е потешко за наоѓање во продавниците, а и малкумина се сеќаваат на него. Најпопуларните меса во продавниците се пилешко, свинско и телешко.
Јагнешкото остана некако занемарено, а не треба, бидејќи постојат голем број здравствени придобивки.
Заситените масти во јагнешкото месо се значително помалку во споредба со другите видови црвени меса. Јагнешкото го подобрува нивото на холестерол во крвта, ги ублажува воспаленијата и го стабилизира срцевиот ритам .
Јагнешкото го намалува ризикот од атеросклероза и коронарна болест на срцето .
Овците се преживари, па нивното месо е добар извор на коњугирана линолова киселина (CLA) – масна киселина која помага за спречување на рак и други воспалителни состојби .
Лесно и едноставно: Запечени полнети пиперки со месо и домати