Голем удар за „Dark web“: Затворени две страници за продажба на дрога и оружје

Сподели со своите пријатели

Американските и европските власти загазнаа две водечки мрежин страници на т.н. дарк веб за трговија на илегални дроги, соопшти во четврток американскиот државен адвокат и министер за правда Џев Сешнс.

Американските власти во соработка со меѓународните партнери во шест земји и Европол, ја затворија страницата „AlphaBay“, најголемиот андерграунд пазар за дрога, оружје и друга недозволена трговија. Во операцијата која паралелно се одвивала и во Холандија затворена е слична страница „Ханса Маркет“.

Правосудните органи соочени со криминалницте и традиционалните криминални организации кои мислат дека на дарк веб неказнето да починуваат злочини. Овој случај на кој внимателно работа агенти и обвинители говори дека не се безбедни. Не можете да се сокриете. ќе ве пронајдеме и вас – порача Сешнс.

Администраторот на страницата „AlphaBay3 приведен е на Тајланд и против него се покренати повеќе обвиненија, но за време на притворот извршил самоубиство. Сешнс тврди дека операцијата задала голем удар на меѓународниот криминал, повеќе од акцијата во 2013 година кога беше згасната страницата „Silk Road“.

„AlphaBay“ содржела околу 250.000 понуди за илегална дрога и над 100.000 понуди за украдени идентификациски документи, оружје и фалсификувана стока.

Во Европол велат дека најновата операција ќе доведе до отворање нови истраги во Европа.

Криумчарите на дрога и останатите сериозни криминалци ширум светот денес доживеаа голем удар – вели извршниот директор на Европол, Роб Вејнрајт.

Оваа операција е пресвртница, оценува директорот на ФБИ, Ендрју Мекејб. Истрагите ги воделе ФБИ, американската агенција за борба против наркотици ДЕА и холандската полиција, а учествувале и министерствата за внатрешни работи на Велика Британија, Франција и Литванија.

 

Loading...