Арктичкото одмаралиште Каксклаутанен во Финска во својата понуда нуди сместување во стаклено игло од кое ноќе се пружа незаборавен поглед на поларната светлина.
Во понудата постојат два типа на игла. Кело стаклено игло е нешто поголем и може да прими четири лица, а освен спална соба во стаклениот дел има и приватна сауна, камин и кујна.
Нешто пообично стаклено игло за двајца содржи само спална соба со незаборавен поглед и тоален. Сауната и бањата се во другата зграда. За оваа незаборавно искуство најниската цена по ноќевање изнесува 455 долари.
Овие игла се изнајмуваат во време на сезоната на aurora borealis, односно од 20 август до крајот на април. Одморалиштето е сместено 250 километри северно од арктичкиот круг во Лапонија.
Кај нив е можно да одите на лов на aurora borealis, возење со санки, сафари со ирваси, риболов на лед, а во близина е и имотот на Дедо Мраз.
Loading...