Двајца кумановци украле пари од деловен објект, полицијата ги привела

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово биле приведени под сомнение дека со употреба на сила влегле во деловен објект и украле пари.

– На 18.09.2026 во 21:35 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода С.С. (39) и Е.Ш. (26), двајцата од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие се сомничат дека на 04.09.2026 со употреба на сила влегле во деловен објект на улицата „Доне Божинов“ во Куманово и одзеле пари.

– С.С. и Е.Ш. се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По расправија избоден 34-годишник од кумановско заврши во болница

Никола Ивановски