Приведен 37-годишник од Куманово, возел мотор без дозвола

Сподели со своите пријатели

Триесет и седумгодишен кумановец бил приведен откако полицијата констатирала дека возел мотор без да поседува возачка дозвола.

– На 11.09.2026 година во 18:30 часот на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Т. (37) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај бил сопрен моторцикл „педа’ со кумановски регистарски ознаки при што било утврдено дека го управува без возачка дозвола.

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Сончево и релативно топло

Никола Ивановски