Кумановските гимназијалци ќе реализираат општо-корисни активности со штитениците на „Зафир Сајто“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Гимназијата „Гоце Делчев“ и Домот за стари лица „Зафир Сајто“ од Куманово потпишаа меморандум за соработка со кој се воспоставува долгорочно партнерство насочено кон поврзување на младите и старите лица и создавање заеднички активности во локалната заедница.

Директорот на Домот за стари лица „Зафир Сајто“, Александар Крстевски, посочи дека двете институции веќе неколку години реализираат заеднички активности, а со меморандумот досегашната соработка добива дополнителна рамка и можност за нејзино проширување.

– Овој меморандум се однесува за поттикнување на меѓугенерациската солидарност, надминување на стереотипите меѓу младите и старите лица, исто така подобрување на социјалниот живот и развивање на емпатијата, изјави Крстевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 53-годишен кумановец, полицијата му пронашла хероин

 

 

Во рамки на соработката се предвидени повеќе активности во текот на учебната година, меѓу кои традиционалните одбележувања на Нова година, Божиќ и Осми март, но и поголем заеднички настан кој е планиран за почетокот на октомври.

Во реализацијата ќе бидат вклучени учениците од Гимназијата „Гоце Делчев“, кои, според Крстевски, веќе имаат свои идеи за активности и проекти.

 

 

Од Гимназијата „Гоце Делчев“ истакнуваат дека соработката со Домот не е нова, но со новиот концепт на гимназиското образование таа добива уште поголемо значење.

– Долги години Гимназијата сорабтуваше со оваа институција, мора да го пофалам нашиот ученички парламент кој што самоиницијативно направи многу хуманитарни акции со лицата кои се сместени во Домот за стари лица и по повод разни празници, рече директорката Марија Тодоровска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  30 хектари изгореа во пожар во Облавце, гореше и во Руѓинце (ФОТО)

 

 

Таа објасни дека од оваа учебна година секој ученик има обврска да реализира 36 часа општо-корисна работа во локалната заедница, а една од активностите ќе биде насочена кон корисниците на Домот „Зафир Сајто“.

Предвидено е учениците да организираат различни работилници со штитениците на Домот, вклучително ликовни и литературни работилници, како и активности поврзани со подготовка на јадења и закуски, со цел збогатување на нивниот културен и социјален живот.

– Ова учебна година имаме вкупно 650 ученици, се запишаа 165 во прва година и сите овие 165 ученика мора ова да го реализираат во текот на целата учебна година, така да се надевам дека соработката ќе биде многу успешна, додаде Тодоровска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американецот Џордан Сешн нов центар на МКК Куманово

Со меморандумот двете институции очекуваат младите и старите лица да имаат повеќе можности за дружење и размена на искуства, а преку заедничките активности да се поттикнат солидарноста, емпатијата и подоброто меѓусебно разбирање.

Никола Ивановски