Товарен брод е погоден од непознат проектил во Ормускиот теснец во близина на брегот на Оман, соопшти британската агенција за поморски трговски операции (УКМТО).
Инцидентот се случил на околу 37 километри североисточно од градот Касаба Омас, објави УКМТО, без да даде детали за штетата или повредите на екипажот, истакнувајќи дека истрагата е во тек.
Иранската влада бара бродовите низ Ормускиот теснец да пловат по иранскиот брег, со постојано нагласување дека само рутата што ја одредува Техеран е безбедна.
Спорот околу пловидбата по тој стратешки воден пат, клучен за испораката на нафта, гас и вештачки ѓубрива на светските пазари, стана главна точка на расправа во конфликтот меѓу Иран и САД.

