Приведен кумановец кој возел и покрај активната забрана

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишник од Куманово вчера бил приведен во селото Војник откако полицијата констатирала дека возел и покрај тоа што имал активна забрана.

– На 27.07.2026 во 17:20 часот во село Војник, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишија од слобода Н.Б.(26) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при сообраќаја контрола, полициски службеници запреле патничко моторно возило „фолксваген пасат“, при што било констатирано дека го управува и покрај тоа што имал активна забрана.

– По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во тек е партерното уредување околу Спортската сала во Куманово (ФОТО)

Никола Ивановски