Експлозивна направа вчера била пронајдена во двор од семејна куќа во Куманово, која за среќа не експлодирала.
– На 27.07.2026 во 12:55 часот во СВР Куманово, М.Д. од Куманово пријавила дека во нејзиниот двор на улица „Бајрам Шабани“ во Куманово забележала експлозивна направа, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Увид извршила екипа од СВР Куманово, а направата била безбедно подигната од Единицата за откривање и деминирање на експлозивни средства и направи при МВР за понатамошна обработка.
Според неофицијални информации станувало збор за рачна бомба која била активирана, но за среќа не експлодирала.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никкола Ивановски

