Дрога и оружје пронајдени при претрес во Куманово

Сподели со своите пријатели

Пиштол со муниција и бела прашкаста материја биле пронајдени при претрес во Куманово, при што биле приведени две лица.

– На 27.07.2026 од 22:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Р.С.(45) и 42-годишната Д.В. од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при претрес во домот на Р.С., во кој била затекната Д.В., извршен со судска наредба, биле пронајдени бела прашкаста материја и пиштол калибар 7,62 мм без рамка и муниција за кои не поседувал дозвола. Додека, при преглед кај Д.В. била пронајдена прашкаста материја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бомба фрлена во двор во Куманово, за среќа не експлодирала

– Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави, стои во соопштението.

Никола Ивановски