Топлотна купола доаѓа над Европа. Ќе го зафати и Балканот, расте опасноста и од пожари!

Сподели со своите пријатели

Европа ја очекува нов силен топлотен бран на преминот од јули во август. Според прогнозата на Severe Weather Europe, топлината ќе пристигне од северот на Африка, а голема термичка купола ќе се формира над западна и централна Европа и Медитеранот.

Ова значи дека топлиот воздух ќе се задржува над истата област со денови, како капак на тенџере.

Прво, најлошо ќе биде на Иберискиот Полуостров и во Франција, каде што температурите на крајот на јули и почетокот на август честопати би можеле да надминат 40°C, а на некои места дури и да достигнат 45°C.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешниот претседател на Јужна Кореја осуден оти лажел во изборната кампања

После тоа, најтоплиот воздух се движи кон централна Европа, Италија, Унгарија и северниот Балкан.

 

 

Топлината стигнува и на Балканот

Од средината на неделата кон викендот, најтоплиот воздух треба да стигне до Централна Европа, Балканот и Медитеранот, токму на време за врвот на туристичката сезона.

Температури над 40°C се очекуваат во долината на реката По и Тоскана, делови од Словенија, источна Хрватска, северна Босна и Херцеговина, северна и централна Србија, поголемиот дел од Унгарија и западна Романија. Температури околу 40 степени ја очекуваат и Македонија.

Остатокот од Балканот, исто така, ќе се затоплува силно, но генерално се очекува температурите да бидат помеѓу 35 и 39°C.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пијани војници украле оклопно возило и уништиле автомобили, двајца уапсени (ВИДЕО)

Тоа сепак значи неколку дена опасна топлина, особено за постарите лица, хронично болните, децата и луѓето кои работат на отворено.

 

Severe Weather Europe

 

Се зголемува и опасноста од пожари

Со високите температури доаѓа многу сув воздух. Во текстот се наведува дека влажноста ќе падне под 20 проценти на некои места, што создава услови пожарот многу брзо да се шири.

Ризикот е веќе висок во јужна Франција и Шпанија, а со новиот топлотен бран ќе се прошири кон Италија, Алпите и Балканот.

Ноќта ќе биде голем проблем.

Во делови од Европа, температурите нема да паднат доволно ниско за да ги оладат луѓето и зградите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британската влада се подготвува за шумски пожари

Ваквите „тропски ноќи“ претставуваат голем товар за телото бидејќи телото нема доволно време да се опорави од дневната топлина.

Според прогнозите, овој моќен временски блок би можел да остане над Европа речиси две недели.

Ова значи долготраен топлотен бран, со температури над 40°C во неколку земји и зголемен ризик од пожари, особено во Медитеранот и на Балканот.